Абделазис: има само еден крал во кафезот

0

Менаџерот, Али Абделазис, по победата на неговиот клиент Хабиб Нурмагомедов на мечот со  Конор Мекгрегор во УФЦ конкуренцијата, вели дека е пресреќен.

„Никогаш немало двајца кралеви туку само еден. Сакам да му честитам на мојот брат Хабиб. Тој е неприкосновен крал“ – рече Абделазис по борбата во Лас Вегас која помина со големи инциденти како околу рингот така и низ улиците на градот. Во дел од нив беше вмешан токму Нурмагомедов.

„Навивачите добија прекрасно шоу. Мечот беше одличен. Сакам да и се извинам на соодветната комисија на државата Невада и на гувернерот. Сега на сите им е јасно кој е аматер во UFC. ” – потенцираше менаџерот на рускиот борец.

 

Share.

Leave A Reply