Абутовиќ и Вардар со нов договор до 2020 година

0

Специјалистот за одбрана во ракометниот првак Вардар, Илија Абутовиќ, ќе биде дел од „црвено-црните и во следните три сезони. Вардар денеска објави дека со левиот бек кој најчесто има одбранбени задачи е договорено да остане во клубот најмалку до јуни 2020 година.

Неговите добри игри сезонава беа препознаени и од ЕХФ и тој е вклучен меѓу кандидатите за најдобар одбранбен играч во Лигата на шампионите.
Абутовиќ од 2011 година е дел од Вардар и беше дел од најголемите клупски успеси, меѓу кои и трите титули во СЕХА лигата, трите настапи во четврт-финалето на ЛШ, пласманот на Ф4 турнирот во ЛШ и неколкуте шампионски и куп титули во домашното првенство.

„Одбраната секогаш е важен дел во играта, а токму Илија Абутовиќ е еден од нашите најдобри играчи. Со неговото останување во клубот веруваме и одбраната ќе продолжи на истото ниво, па дури и подобро во иднина, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Share.

Leave A Reply