Адам Силвер: Новата НБА сезона нема да почне пред јануари

0

Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, изјави дека промената на НБА-календарот речиси сигурно ќе влијае на Олимписките игри во Токио следната година.

Сезоната во НБА лигата нема да започне пред јануари 2021 година, што значи дека лигашкиот дел од сезоната ќе трае сигурно до јули, а тоа ќе им го отежни настапот на репрезентациите. ФИБА има закажано четири квалификациски турнири за ЛОИ во Токио, но очигледно НБА-играчите нема да можат да играат за своите репрезентации. Квалификациите се закажани за периодот од 22 јуни до 4 јули, а бидејќи сезоната ќе продолжи тогаш, невозможно е да се очекува дека кошаркарите кои имаат обврски во НБА ќе играат за националниот тим.

„Според мене, новата сезона нема да започне пред почетокот на 2021 година. Колку повеќе работиме на тоа, толку повеќе верувам дека е подобро да се започне во јануари“ , изјави Силвер за Си-Ен-Ен.

Share.

Leave A Reply