Аџиќ: Имаме кадровски проблеми но, верувам во успех

0

Тренерот на ракометарките на Будуќност, Драган Аџиќ, вели дека неговиот тим драстично ослабен тим го очекува тежок меч против Вардар на стартот на новата групна фаза во Лигата на шампионите.

„Верувам дека ќе одговориме на предизвикот против Вардар кој е лидер во групата. Нема да биде лесно бидејќи нема да играат Раичевиќ, Нововиќ и Маловиќ а тоа е голем хендикеп. Ние секогаш играме најдобро против најдобрите ривали– изјави тренерот на тимот од Подгорица.

Будуќност досега има четири победи во средбите со „црвено-црните“, два меча завршиле нерешено а Вардарки се израдувале на една победа. Натпреварот во Црна Гора ќе започне утре во 19.30 часот.

Share.

Leave A Reply