Агаси проговори за соработката со Ѓоковиќ

0

Поранешниот тенисер од САД, Андре Агаси, нагласи дека не се чувствувал пријатно додека му бил тренер на Новак Ѓоковиќ, бидејќи во тој период Србинот имаше катастрофални партии и го забележа најлошиот период во кариерата.

„Новак ги слушаше советите, но, не веруваше дека е така. Тогаш и неговата физичка состојба ми претставуваше дополнителен проблем. Кога ќе видите дека не може да помогнете, најдобро е да се повлечете“ – изјави Агаси во последното интервју.

Откако легендарниот тенисер го напушти стручниот тим на Ѓоковиќ, неговото место повторно го зазема Марјан Вајда. Веднаш потоа Ѓоковиќ влезе во победнички ритам и започна да напредува на АТП листата

 

Share.

Leave A Reply