Агентите на Филип Кутињо денеска треба да пристигнат во Каталонија на специјален состанок со претставниците на Барселона за иднината на играчот. Локалните весници објавија дека фудбалерот не се чувствува удобно на „Камп Ноу“ и размислува за нов предизвик.
Во тој поглед, неговите менаџери Киа Јарабчијан и Џулијано Бертолучи ќе се сретнат со лидерите во каталонскиот клуб. Медиумите предвидуваат дека Кутињо нема да биде стартер на утрешниот меч со манчестер Ј, а на негово место ќе почне Демебеле.