Агуеро целосно подготвен за враќање на терен

0

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро, тренирал заедно со останатиот дел од соиграчите пред осмото коло на Премиер лигата и дуелот со Стоук Сити.

И покрај тоа што се очекуваше подолго да биде надвор од тренажен процес сепак Агуеро е веќе подготвен за настап.

Аргентинецот имаше скршено ребро при автомобилската несреќа во Амстердам пред две недели, па така ја пропушти победата со 1:0 над Челзи во претходното коло, како и двата натпревари од  квалификациите за СП со Аргентина против Перу и Еквадор. Од почетокот на сезоната во Премиер лигата, 29-годишниот Агуеро постигна шест гола во шест натпревари.

Share.

Leave A Reply