Агуеро може во Интер во замена за Шкриниар

0

Раководството на Интер ја разгледува можноста за размена на дефанзивецот на Милан Шкриниар за напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Трансферот може да се случи на крајот на оваа сезона, пренесува „Калчомеркато“. За услугите на Шкриниар е заинтересиран и Реал Мадрид. Интер го проценува 25-годишниот Словачки фудбалер на 70 милиони евра. Тековниот договор на дефанзивецот важи до 30 јуни 2023 година.

Агуеро игра за Манчестер Сити од 2011 година. Во тековната сезона, 32-годишниот Аргентинец забележа 23 гола и 4 асистенции на 32 натпревари во сите натпреварувања на клупско ниво.

Во текот на вчерашниот ден генералниот директор на Интер Џузепе Марота изјави дека клубот е во напредна фаза на преговори за купување на дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими.

Share.

Leave A Reply