Агуеро нема да биде подготвен за мечот со Реал Мадрид

0

Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, нема да може да биде дел од реваншот од 1/8 финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Веста ја потврди денес менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола. Аргентинецот претрпе повреда на менискусот за време на победата од 5:0 над Барнли минатиот месец, по што беше подложен на операција. Се претпоставуваше дека може да се опорави до мечот со Реал Мадрид, но Гвардиола ја отфрли оваа можност.

На прашањето дали имало таква шанса, шпанскиот тренер: „Многу пати ви кажав, Не !“. Играме со Реал Мадрид. Доколку мислиме на следниот противник, а не на реал, тие ќе не елиминираат. Никој не го познава Реал подобро од мене, нивниот потенцијал и историјата, затоа мора да ја играме нашата игра и да бидеме целосно посветени на нив“, рече Гвардиола.

Share.

Leave A Reply