Агуеро собори неколку рекорди

0

Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Серхио Агуеро, со вчерашните три гола постинати на теренот на Астон Вила, успеа да го собори рекордот на легендарниот, Тјери Анри, за најдобар стрелец во Премиер лигата кој доаѓа надвор од Англија.

Французинот ја заврши кариерата со 175 голови додека Агуеро успеа да дојде до 176. Аргентинскиот напаѓач на „Сити“  стана воедно и четвртиот најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата веднаш зад Алан Ширер со 260 голови, Вејн Руни со 208 и Енди Кол со 187.

Агуеро на вчерашниот меч успеа да постигне хет-трик со што пак, го надмина остварувањето на  Алан Ширер, кој досега имаше најмногу такви реализации во Премиер конкуренцијата.

 

 

Share.

Leave A Reply