Ајакс и Јувентус конечно се согласија за трансферот на Матијас де Лихт и прашање на време е кога договорот ќе биде финализиран, објави „Телеграф“.
Италијанците ќе платат 70 милиони евра за талентираниот одбрандбен играч. Холандскиот репрезентативец беше отстранет од групата на Ајакс за претстојниот камп во Австрија. Во принцип, полуфиналистот во Лигата на шампионите сакаше 75 милиони евра. Првата понуда на Јувентус беше 50 милиони евра и беше веднаш одбиена.
Вчера „Телеграф“ објави дека Јуве ја подигнал понудата на 67 милиони евра. Инаку, пред една недела, агентот на Де Лихт, Мино Рајола, објави дека неговиот клиент се согласил за своите лични услови со шампионот на Италија.