Ајакс ќе бара 75 милиони евра за Де Јонг

0

Екипата на Ајакс ја одреди цената за слободата на еден од најдобрите свои фудбалери, Де Јонг. 21-годишниот играч од средниот ред е на радарот на многу европски клубови, но Барселона е главниот кандидат за неговиот потпис.

Како што објави шпанското издание „Спорт“, со цел да го добие Де Јонг, Каталонците ќе мора да платат сериозна сума на пари, затоа што Холанѓаните немаат намера лесно да с еоткажат од младиот играч. Според некои шпекулации, сумата која Ајакс ја бара за Де Јонг е 75 милиони евра.

Освен Барселона, за услугите на Де Јонг се заинтересирани и Тотенхем, Рома, ПСЖ и Реал Мадрид.

Share.

Leave A Reply