Ајановски со бронза од балканското првенство на Кипар

0

Еден од најдобрите македонски атлетичари, Кокан Ајановски, изминатиов викенд имаше уште еден извонреден настап. Во рамките на балканското првенство во маратон кое се одржа во Лимасол на Кипар, Ајановски успеа да се закити со бронзениот медал.

Нашиот маратонец во конкуренција на 354 атлетичари кои се појавија на балканскиот шампионат успеа да го освои третото место со вкупно време од 2 часа, 48 минути и 12 секунди.

Првото место на маратонската трка во Лимасол му припадна на Кениецот Кируи, додека второпласиран во генералниот пласман беше Украинецот Попов.

Share.

Leave A Reply