Ајнауи е највозрасниот играч кој котира на АТП листата

0

45-годишниот Мароканец, Јунес Ел Ајнауи, е највозрасниот играч на светската ранг-листа на Машката тениска асоцијација (АТР).

Тоа се забележа денеска по нејзиното ново ажурирање. Ел Ајнауи во изминатиот месец на „фјучерс” турнир во Бахреин постигна една победа со што освои 1 бод кој му е запишан на АТП листата.

На тој начин, Мароканецот кој е 1575-ти не само што го забележа првиот успех на теренот по 7-годишна пауза, туку се промовираше и како највозрасен играч кај професионалците.

Share.

Leave A Reply