Фудбалската академија при ФФМ оствари четири победи на пет натпревари на турнирот во Ереван кој заврши деновиве. Нашата млада надеж, Матеј Георгиев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот на кои само Македонија беше претставувана од Академија, додека останатите учествуваа со младите национални тимови.
Академијата на ФФМ предводена од Неџат Шабани и Горан Георгиевски оствари четири победи во петте одиграни натпревари на УЕФА развојниот турнир. Нашите млади фудбалери до 14 години славеа победа против репрезентациите на Белорусија +(2:0, Матео Софијановски и автогол на Белорусија), Ерменија (2:0, Иван Глигоров, Марко Софијановски), Казахстан (2:1, Марко Софијановски и автогол на Казахстан), и повторно Ерменија (2:0, Махмедриза Хамза, Михаил Талевски), а единствениот пораз го доживеавме од селекцијата на Иран со минимални 1:0.