Акамбре не може да им помогне на „триколорите“

0

Ракометарот на Веспрем, Вилијам Акамбре, заработи повреда на мечот со Татабања и ќе мора да го пропушти евро-шампионатот во Хрватска.

Левиот бек ја оштети Ахиловата тетива и ќе биде надвор од терените можеби до крајот на сезоната.Тоа значи дека  селекторот на Франција, Дидие Динар, ќе остане без него во ростерот пред стартот на континенталниот собир.

Ако се знае дека Даниел Нарсис се откажа од националниот тим а Метју Гребиј е повреден, тогаш Динар ќе остане само со Н’гесан на левата бековска позиција.

 

Share.

Leave A Reply