Ако Икарди си замине, Интер тргнува по Дибала

0

Ако Интер не успее да го задржи Мауро Икарди во својот тим, на лето тргнува во поход на Пауло Дибала од Јувентус. Вакви вести доаѓаат денеска од Апенините.

Преговорите за продолжување на договорот на Икарди со Интер се замрзнати, откако двете страни не успеваат да се договорат околу висината на платата која Аргентинецот би ја добивал со новиот договор. Тој се уште има важечки договор со Интер до 2021 година, но миланскиот тим сака да се ослободи од можноста Икарди предвреме да ги напушти.

Цената пак на Дибала се движи околу 100 милиони евра, која нема да биде проблем да се плати, доколку биде продаден Икарди. Засега сите карти се отворени, па останува да се види каква ќе биде конечната реакција.

Share.

Leave A Reply