Ако сезоната не се доигра, НБА лигата ќе загуби 1 милијарда долари

0

НБА лигата би можела да претрпи огромни финансиски загуби доколку сезоната не продолжи, пренесува „Вашингтон пост“. Според изворот, загубите можат да достигнат 1 милијарда американски долари.

Сезоната во НБА беше прекината откако коронавирусот го зарази центарот на Јута Џез, Руди Гобер. Досега се дијагностицирани и четири заболени кошаркари кај Бруклин, двајца кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс, еден на Бостон и Денвер, и уште еден кошаркар на Јута.

Share.

Leave A Reply