Актуелниот бранител на тронот во ЛШ ќе гостува во Холандија

0

Фудбалерите на Ајакс и Реал Мадрид, денеска од 21.00 часот на „Јохан Кројф Арена“ ќе го имаа првиот меч од  1/8-финалето во Лигата на Шампионите. Холанѓаните се еден од петте тима кои не беа поразени во групната фаза. Ајакс беше дури и на чекор од првото место, но, на крајот Баерн Минхен успеа да го помине. Ајакс не загубил натпревар како домаќин во тековнава сезона. Дефанзивецот Лисандро е повреден и надвор од тимот.

Од другата страна, Реал Мадрид ја оправда улогата на фаворит во неговата група од Лигата на Шампионите и заврши на првото место иако загуби од ЦСКА Москва со 3-0 на “Сантијаго Бернабе”. Сега,  тимот на седум последователни натпревари во сите конкуренции е без пораз, со ефект од шест победи и едно реми со Барселона. Гледано низ историјата, Ајакс и „кралевите“ имаат 12 натпревари на европските турнири. Во нив, Реал Мадрид има 7 победи, Ајакс е со 4 а една средба завршила нерешено. Ајакс постигнал 10 голови а Реал Мадрид 24.

За Ајакс во првата постава треба да бидат : Онана, Мазаруи, Де Лајт, Блинд, Таглиафико, Де Јонг, Ван де Бек, Шоне, Зијах, Долберг и Тадиќ. Се претпоставува дека за Реал Мадрид мечот ќе го започнат: Куртоа, Карвахал, Рамос, Варан, Серхио, Модриќ, Касемиро, Крос, Бејл, Бензема и Винициус. Главен судија на мечот ќе биде Дамир Скомина од Словенија.

 

Share.

Leave A Reply