Ал Наср му врачи отказ на Прандели

0

Италијанскиот стратег Чезаре Прандели доби отказ на тренерското место во Ал Наср. Клубот од Обединетите Арапски Емирати реши да му врачи отказ на екс-италијанскиот селектор, откако екипата остана на 4. место по 12 кола од тамошното првенство.

60-годишниот стратег седна на кормилото на тимот во мај минатата година.

Последните вести велат дека Прандели сега ќе се врати во Италија за да побара нов клупски ангажман, но доколку не се договори со некој од прволигашките состави, можно е да се обиде да стигне и до селекторското место во италијанскиот национален тим.

Share.

Leave A Reply