Албанија го отпушти Панучи

0

Албанија денеска се одлучи да му врачи отказ на селекторот Кристијан Панучи. Поразот од Турција во 1. коло од групата со 2:0 беше клучен момент раководството на ФС на Албанија да му врачи отказ на италијанскиот стручњак.

Албанците во понеделник го играат вториот квалификациски натпревар за ЕП 2020, а на клупата ќе седат Ервин Булку и Сулејман Мема.

Додека тие го подготвуваат националниот тим, од ФС веднаш стапиле во контакт со Едуардо Реја, некогашниот тренер на Хајдук, Наполи, Лацио и на уште многу други италијански клубови.  Реја никогаш не бил селектор на некоја репрезентација.

Share.

Leave A Reply