Александер Албон кој ќе добие шанса да го вози болидот на Ред Бул на патеката во Белгија на местото на Пјер Гасли, вели дека е пресреќен што ќе добие нова шанса да ги покаже неговите квалитети. Британецот со тајландско потекло преку социјалните мрежи истакна дека не е реално што добил таква огромна поддршка од Ред Бул.
„Благодарност до сите, сега ќе се насочам кон првата трка во Формула 1. Секогаш може да се научи нешто ново на патеката“ – вели Албон.
Тој доби покана да се активира во екипата на Ред Бул откако во 2018 година направи импресивна сезона во Формула 2 кога го освои третото место.