Италијанскиот фудбалски стручњак Масимилијано Алегри се согласил да го предводи Манчестер Јунајтед само доколку му се понуди оваа функција во наредните недели, пренесува „Газета дело Спорт“.
Претходно се појавија гласини за евентуално разрешување на менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле-Гунар Солскјер. Алегри веднаш беше прогласен за можен наследник на Норвежанецот. Италијанскиот тренер се уште е без тим, по крајот на минатата сезона кога го напушти Јувентус.
Според истиот извор, Алегри сака брзо да почне да го води тимот за да има време да ја исправи ситуацијата.
Манчестер Јунајтед има многу лош старт на сезоната и по одиграни 8 кола, „црвените ѓаволи“ имаат освоено само 8 поени, два бода ги делат од зоната за