Алегри индиректно најави дека може да оди во Англија

0

Првите луѓе на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, размислуваат да го ангажираат на тренерското столче, Масимилијано Алегри, како замена за Оле Гунар Солскјер, објавија денеска медиумите во Англија.

Кон тоа води и последната изјава на италијанскиот стратег кој ги коментираше шпекулациите што го поврзуваат со клупата на „црвените ѓаволи“ како и најавата дека  Марио Манџукиќ во текот на зимата ќе се пресели на „Олд Трафорд“.

„Се уште не говорам добро Англиски, меѓутоа учам. Манџукиќ беше многу значаен за мене бидејќи со начинот на кој игра многу ни помогна на мечевите во фазата кога се решаваше победникот“ – нагласи Италијанецот.

Share.

Leave A Reply