Алегри ја спушта топката

0

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, побара да нема еуфорија во тимот иако „старата дама“ со серијата на победи успеа да го помине Наполи и да го преземе врвот во Серија „А“.

„Бјанконерите“ имаат еден бод предност и утре ќе го одиграат одложениот меч со Аталанта на домашен терен. Доколку ја оправдаат фаворитската улога и забележат победа, тогаш ќе се оддалечат на 4 бодови пред составот на Маурицио Сари.

„Ние сме во водство само неколку дена и мораме да внимаваме. Наполи е тука и има огромни шанси да го освои првенството. Не смееме да заборавиме дека ќе имаме и директен дуел“ – вели Алегри со напомена дека Џанлуиџи Буфон сигурно се враќа во тимот.

Share.

Leave A Reply