Алегри: „Меси е играч кој може да го промени секој натпревар“

0

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, по поразот од Барселона со 0:3 во Лигата на шампионите призна дека неговиот тим направил грешка, оставајќи простор за Меси и неговите соиграчи. Тренерот на „бјанконерите“ исто така, ја пофали каталонската ѕвезда Лионел Меси.

„Во првата половина игравме добро, но во таква игра мора да ги искористите шансите. Ние не го направивме тоа, а на крајот на првиот дел бевме казнети. Дозволивме три гола од контранапад. Тоа беше нашата најголема грешка, бидејќи по голот на Барселона мораше да останеме компактни”, рече Алегри.

„Меси е играч кој може да го промени секој натпревар. Кога ќе му оставите простор, тој ќе ве казни. Не можете да очекувате да дојдете на „Камп Ноу“ и да доминирате. Требаше да играме подобро од психолошка гледна точка”, додаде тренерот на Јувентус.

Share.

Leave A Reply