Алегри може да добие понуда од Англија

0

Фудбалскиот стратег, Масимилијамо Алегри, се наметнува како најсериозен кандидат да седне на клупата на Манчестер Јунајтед доколку тимот предводен од Оле Гунар Солскјер, не успее да обезбеди место во топ 4 во Премиер лигата.

Искусниот стратег од Италија нема активности откако го напушти кормилот на Јувентус. Весникот „Телеграф“ го поврзува со неколку екипи меѓу кои влегуваат и „црвените ѓаволи“. Според наведеното, англичаните сакаат да го ангажираат Маурисио Покетин, но, доколку не успеат во тоа, најверојатно ќе се насочат кон Алегри.

Во исто време медиумите во Италија нагласуваат дека за услугите на Алегри се интересира и тимот на Милан а не се исклучува и евентуално негово враќање во Јувентус

Share.

Leave A Reply