Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, призна дека добил понуда од Реал, но истата веднаш ја одбил. Како што е познато, вчера стана јасно дека европскиот шампион ќе биде преводен од сега веќе екс-селекторот на Шпанија, Лопетеги чие решение пак доведе и до сензационален отказ од шпанскиот национален фудбалски тим на два дена пред стартот на Мундијалот.
„Вистината е дека му ветив на Јувентус дека ќе останам. Зборував со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и го одбив. Од почит кон претседателот на Јувентус Андреа Ањели, на кого му дадов збор дека ќе останам тимот, решив да останам во Јувентус и да си го одржам дадениот збор“, потврди Алегри.