Големата ѕвезда на италијанскиот гигант Јувентус – Кристијано Роналдо е мотивиран да се врати на врвот на светскиот фудбал уште следната година. Ова го изјави тренерот на „бјанконерите“ Масимилијано Алегри.
„Златната топка“ за 2018 година отиде во рацете на Хрватот Лука Модриќ од Реал Мадрид, што предизвика куп полемики. Португалскиот ас, кој ја доби оваа награда рекордно 5 пати, остана втор во годинешниот избор.
„Разочарувачки е, бидејќи тој заслужи да победи поради успесите со Реал. На светското првенство Португалија можеше да стигне по далеку но загуби од Уругвај. Сега Кристијано е доста мотивиран да ја врати оваа награда наредната година со тимот на Јувентус”, изјави Алегри.
Оваа сезона Роналдо има постигнато 10 гола и 5 асистенции за тимот од Торино во Серија „А“. Во Лигата на шампионите, ѕвездата на Јуве е со 1 погодок и 2 асистенции.