Ален ја промени средината, ќе игра за „пеликаните“

0

Реномирани бек Тони Ален ќе ја продолжи кариерата во тимот на Њу Орлеанс Пеликанс, соопшти Специјализираниот кошаркарски сајт „The Vertical“. 35-годишниот играч ќе потпише едногодишен договор во наредните денови.

Тоа ќе биде неговиот трет тим во професионалната кариера во НБА. Ален играше помеѓу 2004 и 2010 година за составот на Бостон Селтикс, со кој ја освои и титулата во 2008 година. Меѓу 2010 и 2017 година беше дел од Мемфис Гризлис.

Тони Ален се наметнува како еден од најдобрите надворешни дефанзивци во Националната кошаркарска асоцијација. Тој досега во 6. наврати беше избран во идеалниот на дефанзивни кошаркари во НБА.

Share.

Leave A Reply