Алфа Ромео ќе го „открие“ новото возило

0

Тимот на Алфа Ромео денеска во полската престолнина Варшава ќе го претстави новиот бoлид со кој ќе се натреварува во претстојната сезона во Формула 1.

Екипата чие седиште е во Швајцарија ќе биде првата што ќе направи презентација на новото возило и тоа пред почетокот на сезоната на 28-ми март со трката во Бахреин. Зад воланот во модернизираната верзија на болидот С41 ќе бидат искусниот Финец, Кими Рајконен и Италијанецот Антонио Џованази.

Алфа Ромео во претходниот шампионат во Ф1 заврши на осмата позиција во генералниот пласман кај конструкторите.

Share.

Leave A Reply