Нашиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски се согласил да ја продолжи кариерата во Галатсарај, објавија денеска неколку турски интернет портали.
Според наведеното, договорот на Алиоски му истекува во јуни годинава и засега нема најава дека ќе започнат преговорите за негово продолжување. Наводно, Алиоски не е задоволен од финансиските услови во Лидс и по завршувањето на сезоната сака да ја промени средината.
Турците тврдат дека Галатасарај и Алиоски постигнале начелен договор и тој за неколку месеци треба да се пресели во Истанбул.