Македонскиот шаховски шампион Алкалоид ја продолжи победничката серија на Европскиот шаховски куп. Во меч од 3. коло, шахистите на Алкалоид беа подобри од германски Вердер од Бремен со резултат 5:1.
Посебно за одбележување е брзата победа на Јаковенко против реномираниот Григоријан, која воедно им даде поттик на останатите шахисти на „Алкалоид“. Со оваа висока победа, Алкалоид веќе го отвори патот кон шампионската титула и повторно враќање на пехарот во Македонија. Меѓутоа, според резултатите на останатите екипи, сепак како фаворити за шампионската титула остануваат „Одлар Јурду“ и „АВЕ Нови Бор“.
Во четвртото коло Алкалоид се среќава со Медниј Всадник од Санкт Петрерсбург, противник за почит, кои има богато шаховско искуство. Во меѓусебниот дуел, пред две години во Нови Сад, нашиот тим извојува победа со 3,5:2,5.