Алкалоид тесно поразен во 6. коло

0

Шахистите на Алкалоид го одиграа најдраматичниот меч во шестото коло на годинашното Европско Клупско Првенство. Во дуелот со норвешка Валеренга, нашиот првак на крајот беше поразен со 3,2:2,5 иако имаше реални шанси за победа.

На првата табла се сретнаа светскиот првак Магнус Карлсен и олимпискиот шампион Лирен Динг, кој ги брани боите на „Алкалоид“. Се играше Шпанска партија во која Карлсен на крајот среќно дојде до реми за Валеренга. Тоа беше најава за уште низа реми дуели на преостанатите табли, освен на една во која Норвежаните дојдоа до победата. Тоа беше дуелот на третата табла во кој Гранделиус извојува победа со бели фигури над Андрејкин и успеа да ја направи таа мала разлика за победа на Валеренга.

Вториот наш претставник Гамбит Асеко СЕЕ забележа победа од 3,5:2,5 против Реховот Чесс Скул од Израел.

Share.

Leave A Reply