Алкантара се врати на тренинг, но не и Зуле и Кутињо

0

Играчот од средниот ред Тијаго Алкантара продолжи со нормален тренинг со соиграчите од Баерн Минхен.

Шпанскиот играч од средниот ред пропушти три натпревари по рестартирањето на Бундеслигата кон средината на мај, поради повреда, но веќе се опорави и може денес целосно да го одработи тренингот. Тој ќе му биде на располагање на тренерот Ханзи Флик за гостувањето кај Баер Леверкузен в сабота.

Лукас Хернандез, која беше принудно заменет на паузата поради болка во бутот при победата од 5:0 над Фортуна Дизелдорф во саботата, денес продолжи да се подготвува според индивидуална програма. Неговата повреда не е сериозна и се очекува тој да го продолжи со нормален тренинг утре.

Никлас Зуле и Филипе Кутињо ја продолжуваат својата рехабилитација според посебен план. Зуле се опоравува од операцијата на лигаментите на коленото, а Кутињо заздравува повреда на зглобот.

Share.

Leave A Reply