Алонсо демантира учество на „24 часа Ле Ман“

0

Фернандо Алонсо се уште нема договор со Порше за да вози на „24 часа Ле Ман“ следната година. Иако вчера се појавија информации дека договорот е постигнат, денеска со демант излезе тимот на шпанскиот пилот.

„Тоа не е вистина. Се е тоа само измислица“, изјави близок пријател на шпанскиот пилот.

Оваа сезона Алонсо ќе ја пропушти трката за ГН на Монако за да настапи на легендарната „Индијанаполис 500“, која е во рамките на IndyCar шампионатот. Оттаму се појавија информации дека следната сезона ќе вози на „24 часа Ле Ман“.

Share.

Leave A Reply