Откако Нико Ковач ја напушти тренерската позиција во фудбалскиот состав Баерн Минхен, раководството на клубот се обидува да пронајде негова замена.
Медиумите во Германија објавија дека тренерското столче кај Баварците може да го добијат: Жозе Мурињо, Арсен Венгер или Макс Алегри, но, сега изненадувачки потенцираат дека меѓу кандидатите влегува и поранешниот фудбалер на – „Алијанц Арена“, Чаби Алонсо.
Според напишаното, доколку Баерн Минхен не успее да ја исполни првичната цел да донесе атрактивно тренерско име, тогаш ќе го именува 37-годишниот Шпанец кој во богата кариера има настапувано за Реал Сосиедад, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен.