Алонсо : Со нетрпение ја чекам трката на „Силвестрон“

0

Формула 1 шампионатот во текот на викендот ќе продолжи со трката на патеката „Силвестрон“ за Гран При на Велика Британија. Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, изјави дека нема трпение да излезе пред домашните фанови.

„Сакам да се вратам на „Силверстон” секоја година. Секој знае дека тоа е вистинска писта со неверојатна историја и огромна поддршка од навивачите. Викендот е секогаш посебен за член на Мекларен. Пречекот, што го добиваме од британската публика е секогаш е фантастичен“ вели Алонсо.

„ Интересно ќе биде да видиме како ќе се покажат новите болиди особено во брзите сектори од патеката. Останува да видиме дали ќе можеме да извлечеме и максимум од нашиот автомобил во свиоците “,вели членот на Мекларен.

Share.

Leave A Reply