Алонсо знае дека ќе остане во Лондон

0

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Челзи, Марко Алонсо, денеска откри дека е многу близу до продолжување на договорот кој му е валиден до 2021 година.

„Јас сум многу мирен и среќен во Челзи а клубот исто така е задоволен од моите игри. Верувам дека ќе реализираме успешни преговори и дека ќе ја продолжиме соработката“ вели Алонсо.

„Имам 27 години и сакам да играм на најдобар можен начин и да освојувам титули со Челзи и со националниот тим. Во однос на мојот договор, јас сум мирен” – рече играчот на „сините“ од Лондон.

 

Share.

Leave A Reply