Алушовски е разочаран само од резултатот, не и од играта

0

Ракометарите на Вардар останаа со празни раце на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вчера загубија на теренот на Мешков Брест иако во самиот финиш влегоа со предност од еден гол.

„Многу е тешко да се зборува кога вака ќе загубите натпревар. Денеска победи посреќната екипа. Направивме клучни грешки во последните пет минути кои на крајот пресудија за тоа кој ќе се радува“ – вели Алушовски.

„Морам да им честитам на моите играчи. Сега треба да се насочиме кон мечот со Елверум“ – нагласи тренерот на Вардарци.

Share.

Leave A Reply