Алушовски: Флензбург е во предност, но ќе се бориме

0

Ракометарите на Вардар по подолга пауза и два одложени меча, утре им се враќаат на европските предизвици. Во Скопје гостува германски Флензбург во нов меч од Лигата на шампионите.

Тренерот на „црвено-црните“, Стефче Алушовски, пред мечот вели:

„Месец дена немаме одиграно меч и секако Фленсбург е во предност на овој натпревар, бидејќи е во натпреварувачки ритам. Ние месец дена само тренираме, одигравме два пријателски натпревари, но она што очекувам е машка борбена игра од нашата страна, добро ги анализиравме, не сме без шанси, без разлика што го победија ПСЖ на гостински терен и не знаат за пораз до сега. Играме на домашен терен, ќе се обидеме да излеземе како победници од оваа средба.

Средбата меѓу Вардар и Флензбург утревечер почнува во 20.45 часот.

Share.

Leave A Reply