Алушовски: имавме шанса да го избегнеме поразот

0

Тренерот на ракометарите на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски, по вчерашниот пораз на домашен терен од Вардар во Супер-лигата, вели дека неговиот тим се исплашил од шансата да победи.

„И покрај поразот морам да им честитам на моите ракометари. Ние се уплашивме од шансата да ги победиме. Вардар влезе со потценувачки пристап кој не е својствен за нив, но, сепак се работи за светска екипа и затоа честитки за победата“ – вели Алушовски.

„Ние сме на вистинскиот пат, имаме скратен ростер бидејќи дел од ракометари се уморни по репрезентативните натпревари и затоа не можевме да покажеме повеќе “ – рече  тренерот на битолскиот тим

Share.

Leave A Reply