Алушовски: „По овој пораз треба сите да се погледнеме во очи“

0

Вардар беше убедливо поразен во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигтаа на шампионите. „Црвено-црните“ доживеаа незапаметен дебакл на домашен терен од Веспрем (27:41) и со тоа пракитчно и се без шанси да продолжат понатаму во Лигата на шампионите.

По натпреварот, тренерот Стевче Алушовски му честиташе на противникот и изјави дека ова е голем неуспех за клубот.

„Најпрво, сакам да му честитам на Веспрем за големата победа во Скопје и без разлика што треба да се игра уште еден меч таму, за пласманот во четвртфинале. Го отворивме мечот многу лошо, во еден момент кога имавме двајца играчи повеќе, примавме голови во серија. Меѓутоа, што е тука е, секогаш треба да се гледа нешто во овој пораз. Треба да се погледнеме во очи по овој тежок пораз, за клубот, за навивачите, за сопственикот. Ќе се потрудиме во четврток да бидеме подобар противник од Веспрем и да бидеме подобро.“, изјави Алушовски.

Вардар сега ќе може и мора да се фокусира во целост на настапите во домашното првенство, но и во СЕХА лигата, а реваншот во Веспрем кој е закажан за седум дена, се очекува да биде само формалност.

Share.

Leave A Reply