Дефанзивниот фудбалер на Јувентус, Дани Алвеш, признава дека уште утре би се вратил на „Камп Ноу“ иако пред две сезони си замина од таму незадоволен од третманот што го доби додека беше повреден.
Неговото заминување во Торино изненади многумина имајќи в предвид дека Бразилецот е еден од најтрофејните во шпанскиот состав. Тој во дресот на Каталонците помина осум години и се израдува на 23 трофеји.
„Барселона е мојот дом и невозможно е да кажам дека не би се вратил. На крајот не сакав да кажам збогум, бидејќи тој клуб ќе биде мојот вечен дом“ – изјави дефанзивниот фудбалер.