Одбрандбениот играч Јусеф Атал од Ница стана приоритет за Париз Сен Жермен за време на летниот трансфер период, објавија медиумите во Франција.
23-годишниот Алжирец се квалификуваше во финалето на Африканскиот куп на нации со својата селекција, а минатата сезона одигра 30 натпревари за Ница во француското првенство. Во нив постигна шест гола и со тоа покажа дека и покрај тоа што игра во одбраната може да дејствува офанзивно.
Јусеф Атал има договор со Ница до 2023 година, па тоа може да го направи трансферот во ПСЖ малку поскап од вообичаеното.