Американците дополнително се мотивираат

0

Откако ФИБА непосредно пред кошаркарскиот Мундијал во Кина на првото место на ранг листата ја стави селекцијата на Србија, дојдоа првите реакции од страна на репрезентативците САД кои традиционално се наметнуваат како фаворит за златото.

„Не можам да разберам што се пишува за нас, како да сме собрани од улица, ние сме сепак НБА-играчи“ – истакна членот на Бостон, Џејсон Тејтум. Во тој правец размислува и Кемба Вокер, кој треба да биде лидер на така наречениот „дрим-тим“ кој реално гледано, остана без главните ѕвезди на НБА.

„Мислам дека сме доволно добри, немаше да бидеме тука ако го немавме потребниот квалитет. Мислам дека сите ќе бидеме мотивирани за успех“ – потенцираше Вокер.

Share.

Leave A Reply