Американците во август ќе ги стартуваат подготовките за СП

0

18-ет играчи кои се ставени на поширокиот список на селекторот на американската кошаркарска  репрезентација, Грег Попович, за претстојниот Мундијал во Кина, ќе се соберат во почетокот на август во кампот во Лас Вегас.

Тоа се: Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Џејмс Харден (Хјустон), Ерик Гордон (Хјустон), ПЏ Такер (Хјустон), Донован Мичел (Јута), Кемба Вокер (Шарлот), Бредли Бил (Вашингтон), Кајл Кузма (Лос Анџелес Лејкерс), Дамиан Лилард (Портланд), СЈ МекКалум (Портланд), Брук Лопез (Милвоки), Кевин Лав (Кливленд), Џејсон Татум (Бостон), Крис Мидлтон (Милвоки), Андре Драмонд (Детроит), Ла Маркус Олдриџ (Сан Антонио).

На спискот засега ги нема Кари, Грин, Дурант, Томпсон и Ленард кои ќе бидат сигурни патници за Кина. Така наречениот „Дрим тим“ на СП  во групната фаза ќе игра со Турција, Чешка и Јапонија.

 

Share.

Leave A Reply