Михаела Шифрин од САД влезе во историјата на Светските шампионати во алпско скијање откако во шведскиот зимски центар Оре победи во денешниот слалом и стана првата скијачка со четири златни медали во една иста дисциплина.
Шифрин денeска се израдува и на третиот освоен медал на тековниот шампионат откако претходно победи во супер-велеслалом и успеа да го освои среброто во трката во велеслалом.
Во денешната слаломска трка второто место и припадна на Ана Ларсон Свен од Шведска додека бронзата заврши на градите на Петра Влхова од Словачка.