АМС ги прогласи најдобрите за 2019-та

0

Агенцијата за млади и спорт вечерва ги прогласи  најдобрите за годинава што изминува. На свеченоста организирана во Национална опера и балет, им беа врачени наградите на најдобрите во македонскиот спорт за 2019 година и тоа во повеќе категории.

Признанието за најдобар спортист го доби ракометарот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов додека за најдобра спортистка беше прогласена репрезентативката во карате, Пулексенија Јовановска.


Еве ги другите добитници на наградите:
Најуспешна спортска федерација: Ракометна федерација
Посебни достигнувања во спортот: Никола Ѓорѓиев –одбојка
Селектор: Сашко Арсовски -карате
Машки национален тим:Одбојкарска репрезентација
Женски национален тим: Ракометна репрезентација
Спортист лице со инвалидитет: Оливера Наковска –Бикова
Млад спортист: Бесир Алили -Борење
Млада спортистка: Миа Тодорова –кик бокс
Универзитетски клуб: Женски карате тим Кумите од Универзитетот Кирил и Методи
Средни училишта: Гимназија Никола Карев
Училишен спорт: ОУ видое Подгорец –Струмица

Share.

Leave A Reply