АМС ја реализира програмата со средствата од игри на среќа

0

Агенцијата за млади и спорт денеска потпиша договор со четири спортски федерации за доделување наменски донации од средствата утврдени во Законот за игри на среќа и забавни игри.

Ракометната федерација ќе добие 5,2 милиони денари, Македонската кошаркарска федерација и Фудбалската федерација на Македонија ќе добијат по четири милиони додека додека Карате федерацијата ќе добие 1,5 милиони денари. Досега преку новиот извор на финансирање се поддржани 42 спортски федерации со вкупно 52.5 милиони денари.

„На овој начин дека ќе придонесеме кон подобрување на функционирањето на спортските федерации, подобрување на резултатите на нашите селекции и секако подигнување на квалитетот на спортскиот систем во нашата земја. Новите дополнителни приходи за спортските федерации треба да бидат мотив повеќе за нивно максимално ангажирање во спортот и создавање функционален и ефективен систем“ истакна Директорот на АМС, Марјан Спасески.

Share.

Leave A Reply